Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема субвенции за текстилниот кластер, на кој минималните плати му се високи

Нема субвенции за текстилниот кластер, на кој минималните плати му се високи

Барањата на текстилниот кластер да добијат субвенции од државата се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Царовска кажа дека  на 1 мај кога имале средба со Организацијата на работодавачи и била презентирана мерката за субвенцинирање на сите плати меѓу 12.000 и 18.000 денари и текстилниот кластер се согласил со тоа.

„Плати исплаќаат и исплатија минимална плата без да ги користат субвенциите. Сметам дека она што тие го бараат е неприфатливо за Владата, затоа што бараат да се анулираат придонесите во Фондот “– рече Царовска.

Од текстилниот кластер вчера побараа да добијат субвенции за компаниите и да се врати нормата за исплата на минимална плата.

Тие побараа 50 проценти од придонесите да бидат на товар на државата.


Слично

Поврзани вести