Нема српски шеќер за Хрватска, загубите се огромни!
Хрватска изгуби 12 до 15 милиони евра, поради конфликтот со Србија околу шеќерната репка тврди жупанот Томислав Толушиќ кој упати отворено писмо до Министерството за земјоделство на Србија и Стопанската комора за да ја преиспитаат одлуката за забрана на извоз на оваа земјоделска култура во Хрватска. Претходно, хрватските фирми имаа договорено увоз на ваква репка од повеќе од 8 илјади хектари површина во Војводина.
Српската влада донесе мерка за забрана на извоз на шеќерна репка поради малиот рок годинава како резултат на сушата и екстремно високите температури.
Слично
