Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА СПАС: За да избегне банкрот „Алиталија“ оди во стечај

НЕМА СПАС: За да избегне банкрот „Алиталија“ оди во стечај

Најголемата италијанска авиокомпанија Алиталија отиде во стечај за да избегне банкрот, и тоа втор пат за десет години.

Владата на Италија и одобри позајмица од 600 милиони евра како би можела да работи додека не се пронајде нов купувач.

УО на Алиталија соопшти дека немал друг избор туку да побара поставување на стечаен управник бидејќи вработените го отфрлиле планот на реструктурирања кој би овозможил нови инвестиции.

Одборот соопштил дека таквиот исход бара реорганизација на компанијата како би се овозможиле планираните инвестиции од две милијарди евра.

Италијснската влада поставила три стечајни управници кои ќе ја водат Алиталија во текот на шестмесечниот период на реорганизација.

Алиталија со која уште управува Етихад и понатаму истакмува дека летовите се одвиваат по план.

Слично

Поврзани вести