Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ШТРАЈК: Наставата продолжува редовно во повеќе места ширум земјава

НЕМА ШТРАЈК: Наставата продолжува редовно во повеќе места ширум земјава

После средбите на градоначалниците ширум земјава кои оствариле средби со локалните представници на СОНК, како и со наставниците и професорите заклучуваме дека одлуката на СОНК за генерален штрајк на 20 јануари нема да се почитува и дека наставата во второто тромесечие ќе започне според објавениот распоред.

Гостивар, Виница, Кривогаштани, Македонска Каменица, Делчево, Кавдарци, Прилеп, Преспа, Охрид се само дел од училиштата кои кажаа „НЕ“ за одлуката на СОНК да излезат на генерален штрајк.

Директоротите на училиштата од Македонска Каменица информираат дека ниту еден од просветните работници вработени во нивните установи нема да се огласи на најавениот штрајк од СОНК, додека по остварените средби на директорите и раководителите во повеќе установи и градинки во Гостиварско е донесено решение да не се поддржи штрајкот.

И во Кавадарци денеска градоначалникот Панов на прес конференција јавно го нагласи ставот дека не се согласуваат и не го прифаќаат закажаниот штрајк на СОНК.

Дали причината на просветарите можеби е притисокот и потсетувањето дека би можеле да бидат заменени со нови наставници, или пак сепак е слободна волја?

Слично

Поврзани вести