НЕМА ШАНСИ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ЕВРОПСКОТО СЦЕНАРИО: Д-р Јанковиќ оценува дека новиот бран нема да стивне до пролет
Заменик директорот на Клиничкиот центар Ниш, д-р Радмило Јанковиќ, изјави дека нема
шанси во наредниот период ситуацијата во Србија да биде поинаква отколку во
Западна Европа, која бележи ненадеен скок на бројот на новозаразени и се
затвора. Тој, исто така, верува дека омикрон е многу поприсутен во циркулацијата отколку што се претпоставува.
-Дефинитивно ова новиот бран кој ќе трае до пролет“, предупредува Јанковиќ. Моја претпоставка е дека ќе ја имаме истата ситуација како минатата зима. Повторно сме на таа нагорна линија... Последниве денови бројките почнуваат да растат. Целосно е неодговорно да се правиме дека тоа нема да се случи овде (повторен скок на бројот на новозаразени) - истакна Јанковиќ гостувајќи во емисијата Студио лајв на Н1.
- Можете да замислите што ќе се случи кога стотици луѓе ќе почнат да доаѓаат од Германија, Швајцарија, Австрија... - предупредува Јанковиќ.
Посочувајќи дека бројот на новозаболени на дневна основа во Белград е многу висок, односно 40 отсто од сите заразени, тој посочува дека „не е во ред да се седи со скрстени раце, кога Европа има стотици илјади заразени луѓе." Што мислите дека ќе се случи кога омикрон, а не верувам дека ќе предизвика поблаги клинички слики, ќе зарази хронично болни, пациенти со онколошки проблеми, постари лица... - вели Јанковиќ.
