Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема разбирачка меѓу вработените и раководството на „Дрекслмаер“!

Нема разбирачка меѓу вработените и раководството на „Дрекслмаер“!
Работниците и раководството се уште спорат. Едните контра другите, на спротивставени позиции. За работниците, штрајкот е само кулминација на незадоволството, за раководството, станува збор за недоразбирање. Дрекслмаер е најголем работодавач во Македонија, но компанијата е на „тапет“ на јавноста уште одамна, поради ниските плати што им ги дава на работниците. „Основната месечна плата која што групацијата „Дрекслмаер“ ја исплаќа на своите вработени е над законската минимална плата во Македонија. Освен ова, „Дрекслмаер“ им обезбедува дополнителни исплати и услуги на вработените, како исплата за работа во смени, бонуси за остварени цели, исплата за прекувремена работа, медицинска нега во самата фабрика, како и бесплатен оброк“, стои во соопштението на компанијата. Од раководството сметаат дека се работи за „недоразбирање“ заради кое реагираат вработените. „Од бруто платата како што е законски пропишано се исплаќаат социјалните придонеси и персоналниот данок. Потоа на вработените им се исплаќа нето-плата. „Дрекслмаер“ се придржува на превземените обврски кон вработените. Транспортот за вработените веќе долг период се одвива без проблеми. Дневно околу 30 автобуси во смена ги превезуваат вработените до нивното работно место и ги враќаат пак до нивните домови. Дополнително на вработените кои живеат на поголема одалеченост и за кои нема организиран транспорт им се исплаќаат транспортни трошоци“, наведуваат од раководството. Штрајкот на работниците во „Дрекселмаер“, кој започна завчера во третата смена, продолжи и вчера. Вработените се незадоволни затоа што не им биле исплатени дневници за прекувремена работа за велигденските празници. „Ни беше понудено да работиме за велигденските празници, а за тоа да ни биде исплатена празнична дневница од 2200 денари и плус вредносен ваучер од 1500 денари. Единствено ни беше поделен вредносниот ваучер, а ветениот бонус од 2200 денари не го добивме“, се жалеа вработените во „Дрекселмаер“. Според нив овој штрајк е само предупредување за подобрување на условите за работа во фабриката, во која работат околу 4.000 луѓе, најмногу од Кавадарци, Велес и околните места. Просечната плата во „Дрекселмаер“ е едвај нешто повисока од минималната - изнесува околу 9.000 денари. Со прекувремена и работа во викенди, најупорните стигнувале и до плата од 15.000 денари, објави кавадаречката телевизија КТВ. АРХИВА: Германски Дрекселмаер бара работници. Нуди плата 8.050 денари?!
Слично

Поврзани вести