Нема работа, национализмот се поголем, ни се закануваат нови војни?
Познатиот економист Нуријел Рубини, кој предвиде голема економска криза во 2008 година, стравува дека зголемувањето на нацонализмот, како директна последица од „големата рецесија“, би можел да доведе до нови војни во светот.
Триесет години, после големата депресија, дојде до создавање на авторитарни режими во Европа и Азија, што доведе до Втората светска војна. Така денеска се јавува национализмот во економијата со што историјата се потврдува, тврди познатиот економист Нуријел Рубини во колумната за “Project Syndicate”, пишува српски телеграф.
Трговските бариери, имотниот протекционизам, противење на странскиот инвестиционен капитал, политика која ги фаворизира домашните работници и фирми, антиимиграциони мерки, капитализамот на државата, национализмот на ресурсите, се само различни облици на национализам во економијата, смета тој.
Рубини, познат како „Доктор Пропаст“ , пишува во политичката сфера гледаме раст на популистичка, анти-глобалистичка, анти-имиграциони и во некои случаи отворено расистички и антисемитски страни.
Противењето на било кој вид на глобална организација и меѓународна соработка, е резултат вели Рубини, на анемичното економско закрепнување.
Рубини кој предвиде голема рецесија која започна во 2008 година, пишува дека таа и понатаму трае, без разлика на некои подеми,а националистите тоа вешто го користат вината за економската криза да ја префрлат на странците, било да се работи за увоз на странски производи или прилив на странски работници.
Кога на сето ова се додаде нееднаквоста во богатството и приходите во многу земји, не е никакво чудо што се рашири економскиот принцип „победникот зема се“ кој го користат само елитите и го менува политичкиот систем, пишува Рубини.
Оваа појава, според неговите зборови, се забележува и во развиените економии како САД, како и во земјите во транзиција.
Во САД, вели Доктор Пропаст, имаме систем на легализирана корупција во која големите корпорации даваат неограничена количина на пари на избрани претставници. На пазарите во развој работите често се едноставни, каде локалните олигарси неприметно доминираат со економијата и политиката.
Како доказ во прилогот на својата теорија за подемот на „новиот национализам“ Рубини ги зема резултатите на неодамнешните избори за Европскиот парламент, на кои посебно добро поминатите екстремно десничарски партии.
Ширењето на национална омраза и говор насочен кон ЕУ е модерен во Франција, Холандија, Обединетото Кралство, а евроскептичните гласови на десницата се појаки и појаки само во Италија и Германија.
Екстремната десница во САД се отсликува низ јакнењето на “Tea Partyja” и слични радикално десни фракции кои речиси целосно ги преема Републиканската партија, а која има мнозинство во Претставничкиот дом.
Национализмот, пишува Робини, повторно се појавува во Азија, а посебно е видлив во политиките на новите лидери на Кина, Јапонија, Јужна Кореа, Индија, Тајланд, Малезија и Индонезија. При тоа, нестабилноста на геополитичката состојба на Блискиот Исток не треба воопшто да се нагласуваат.
Поради сето ова наведено Рубини стравува дека зајаќнувањето на национализмот, како директна последица на „големата рецесија“, може да доведе до нови војни во светот.
Поради штетите кои „големата рецесија“ ги предизвика, најразвиените светски економии се осудени на стагнација, а пазарите во развој се соочени со предизвик креирање на економски раст. Ова е иделна почва за цветање на економскиот и политичкиот национализам, заклучува овој Нобеловец.
Обработка: И.Р
(Извор: телеграв.рс)




