Нема протестирање ни пред Обвинителство, демонстрантите одат кон Собрание
Дали во главниот град има полициски час? Прашање кое си го поставија многумина ...
Откако протестантите беа спречени од полициските кордони да и се приближат на Владата, оттаму се упатија кон Јавното Обвинителство каде најави јакривични пријави поради ограничување на правото на протест.
Но, иста глетка и таму.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/07/i-denes-nema-priparuvane-do-vladata-se-protestira-pred-jo/" target="blank" ]И денес нема припарување до Владата, се протестира пред ЈО[/button]
Полициски сили не им дозволуваат да се доближат до Обвинителството.
„Оставка!“, „Оставка!“ „Готово е Груевски“, „Доста беше молк“ извикуваа учесниците во протестот притоа читајќи им на на полицајците делови од Уставот и правила каде може да се протестира, но и покрај тоа полицијата им нареди да се тргнат од просторот пред Јавното обвинителство. Демонстрантие се упатија кон Собрание да си ја пробаат третата среќа.
Да се потсетиме, дека се протестира против полициската бруталност.
(Фотографијата е земена од http://ohridsky.com/)
