Нема прочистување на избирачкиот список – ДИК не ги прифати барањата на СДСМ и ДУИ
Државната изборна комисија попладнево ги отфрли приговорите на опозицискиот СДСМ за избирачкиот список. Опозициската партија бараше повеќе корекции, од кои најважна беше онаа за бришење на гласачи во Центар пријавени на иста адреса, за кои постојат сомненија дека се дојдени од Пустец само за изборниот процес, без уредни документи за престој.
Освен ова, партијата посочи 1045 гласачи дека се починати, а се на избирачкиот список. ДИК утврдила дека 843 се навистина починати и тие не се наоѓаат на евиденцијата за гласање, но спорни се 202 гласачи за кои немало доволно податоци и не е утврдено дали се живи или починати.
Рокот за разгледување на приговорите за измени во избирачкиот список за претседателските избори истече вчера, но централната изборна комисија го проби, бидејќи не успеа да ги разгледа приговорите на сите партии.
Вчера ДИК не ја усвои забелешката и на партијата ДУИ која исто така бараше чистење на избирачкиот список од „фантомски“ гласачи.
Слично
