Нема притвор за обвинетите од „Титаник”
Четворица од обвинетите од акцијата „Титаник” за изборни измами, меѓу кои ексминистерот Миле Јанакиески и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко куртулија од притвор, а за останатите не е донесена одлука.
Ова следува откако денеска „судиската тројка” на Кривичниот совет ги одби жалбите на Специјалното јавно обвинителство, кои беа поднесени откако судијата по претходна постапка ги отфрли барањата за мерка притвор.
Во соопштението од судот, пишува оти жалбите се одбиваат како неосновани. Во наредните денови се очекува кривичниот совет да се произнесе и за останатите обжалени одлуки.
Обвинителките, како што истакнаа претходно, мерката притвор ја побарале поради основан страв дека ќе се врши влијание на сведоците и соучесниците, за што, според нив, поделе и докази дека веќе се вршело такво влијание.
Сега, специјалните обвинители имаат право повторно да побараат притвор за осомничените кога ќе соберат нови докази,а во меѓувреме, најавија дека продолжува со истрагата.
