Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема притвор за никој од „Титаник”

Нема притвор за никој од „Титаник”

На уште петмина осомничени во изборната афера која ја откри Специјалното обвинителство, меѓу кои ексминистерката Гордана Јанкуловска и енералниот секретар на владата Кирил Божиновски не им беше одредена мерка притвор. На слобода остануваат и претставниците на ДИК, Исмет Гури од Чаир, и уште две лица

Ова следува откако денеска „судиската тројка” на Кривичниот совет ги одби жалбите на Специјалното јавно обвинителство, кои беа поднесени откако судијата по претходна постапка ги отфрли барањата за мерка притвор.

Во соопштението од судот, пишува оти жалбите се одбиваат како неосновани.

Со оваа одлука судот одлучи да бидат на слобода сите осомничени за кои специјалното обвинителство стравуваше дека може да влијаат врз сведоци или врз постапката.

Специјалното обвинителство бараше притвор за 9 лица, но освен двете алтернативни мерки, по завршениот распит, судија на претходна постапка ги одби барањата, по што беа поднесени жалби и се формираше кривичен совет од тројца судии од организиран криминал.

Сега, специјалните обвинители имаат право повторно да побараат притвор за осомничените кога ќе соберат нови докази,а во меѓувреме, најавија дека продолжува со истрагата.

Слично

Поврзани вести