Нема притвор за Мијалков во предметот „Тортура”
Специјалното јавно обвинителство не побара притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е прв осомничен во предметот „Тортора“.
Тој е осомничен дека ги организирал и ги навел останатите шестмина осомничени, инаку припадници на полициската едница „Алфа“, на нечовечки и брутален начин да го уапсат лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, еден ден по изборите во 2011 година.
Својството за притвор е престанато бидејќи првоосомничениот не е повеќе на функцијата што ја вршел, истакна таа специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска.-Притворот е мерка за присуство на осомничениот или за непречено водење на истражната постапка. Во случајов, ако се има во предвид дека првосомничениот не е на функцијата на која бил, својството е престанато. Наша обврска е да постапиме по законот, што и направивме – истакна Ристовска.
Обвинителството не побарало одредување на мерката притвор за првоосомничениот бидејќи било проценето дека нема основи за тоа и дека нема опасност тој да ја напушти земјата. За останатите шестмина осомничени побарана е „мерка на претпазливост“ која предвидува нивните надредни во МВР да водат сметка дали и какви задачи ќе добијат.
