Нема преживеани во авионската несреќа кај Кожле
Во авионската несреќата кај Кожле загинале сите шест патници.
Станува збор за четворица италијански државјани и двајца од Косово. Неофицијално меѓу нив е и познат странски бизнисмен.
Авионот бил приватен со германски национални ознаки, од типот „Пајпер“. Тој полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.
Исчезнувањето на авионот од радарот денеска попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.
За настанот е информиран Јавен обвинител и Комитетот за истражување авионски несреќи.
Се претпоставува дека лошите временски услови биле причина за падот на авионот.
