Нема повлекување од црвените линии, битка за сите генерации!
Средношколскиот пленум ја продолжува борбата за подобро образование преку реформи кои ќе ги креираат сите засегнати страни. Двете последователни средби помеѓу претставници на Пленумот и првите луѓе во Министерството за образование и наука, според средношколците не значат ништо доколку не се донесат конечни решенија и не се прифатат нивните барања. По игнорантскиот однос на надлежните, сега и кај двете страни има желба да се соочат аргументите на заедничка маса, но учениците велат дека нема отстапки од нивните црвени линии-враќање на стариот концепт на државна матура и повлекување на екстерното тестирање.Ова било одлучено на интерен пленум во кој се слуша мислењето на мнозинството.
“На средбата со министерот за образование Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски имаше многу подобар пристап и кон нас и кон проблемите кои ги изложивме пред нив. Се разговараше за матурата и она што е како делумен компромисен резултат е оваа година матурантите да полагаат државна матура по стариот концепт односно да имаат можност да избираат кој предмет ќе го полагаат. Но ова за нас не е решен проблем. Напротив, укажавме дека оваа одлука не ги задоволува нашите барања бидејќи не сме коректни кон останатите генерации. Нашата борба е за квалитетно образование за сите. Потоа имаше и предлог сите досега запишани генерации да полагаат по стариот концепт, а веќе новозапишаните средношколци да полагаат државна матура по нов концепт за кој дополнително ќе се разговара” -вели Александар Милески од Средношколскиот пленум.
Според него, мора да се изнесат сите предлози од двете засегнати страни и да се направи конкретно и долгорочно решение. Дополнително, објаснува матурантот, на вчерашната средба била разгледана и опцијата работни групи да направат пообемна анализа на законските решенија за средно образование во кои спаѓаат и државната матура и екстерното тестирање. На овој начин очекува да се потенцираат сите нелогичности и проблеми кои го кочат образовниот процес.
Во делот на екстерното тестирање, на средбата претставниците на Средношколскиот пленум побарале оценките да не влегуваат во свидетелствата бидејќи на тој начин за дел од учениците се правела директна штета на нивниот успех, особено во ситуации кога и негативната оценка (1) влегува во крајниот успех. Но барем според вчерашните заклучоци, надлежните инсистирале да се зборува само околу техничките проблеми и аномалиите за квалитетот на прашањата, а не за суштината и оправданоста на оваа реформа.
Средношколците веруваат дека ќе се најде заеднички прифатливо решение, не само поради бојкотот на наставата кој останува активен, туку и поради потребата од квалитетни закони кои ќе го подобрат образовниот процес.
Засега според информациите со кои оперираат средношколците околу 20 000 ученици од средните училишта ја бојкотираат наставата, а се поголем е бројот на оние кои се приклучуваат на кампот пред Министерството за образование и наука.
“Ние остануваме на нашите ставови. Како што претходно споменав, средбата со надлежните е позитивен исчекор, но мора да се донесат и конкретни заклучоци од кои ќе излезат законски решенија. Бојкотот на наставата продолжува, имаме се повеќе матуранти кои доаѓаат да кампуваат заедно со нас. Тоа отворено говори дека има сериозни проблеми и потреба тие да се надминат и решат ”-вели матурантот Милески.
Во меѓувреме продолжува подршката и од родителите и граѓаните. Тие во текот на ноќта правеле обиколки до шаторите поставени во паркот спроти министерството, а од утринава повторно пристигнуваат набавки во храна и вода за средношколците.
Предлогот за враќање на стариот концепт на државна матура министерот ќе го постави на владина седница, по што ќе се знае дали ваквото барање на средношколците ќе биде прифатено. Ставот на министерот за ставање на екстерното во мирување е непроменет. Досега тој единствено експресно го прифати предлогот на Средношколската унија математиката да не биде задолжителен предмет во државната матура за сите средношколци од завршните години, туку само за оние од природно-математичките насоки. Во средните училишта професорите и директорите веќе ги информирале учениците дека е постигнат целосен договор за државната матура, која оваа генерација матуранти ќе ја полага по стариот концепт без електронско тестирање. Дополнително ќе се одлучува како ќе се надокнадат загубените часови од редовната настава на месец и пол пред крајот на учебната година. За Средношколскиот пленум ова се прашања за кои дополнително ќе се бараат одговори, поради фактот што на следната средба треба да се донесат конечни одлуки.
Бојкотот на наставата веќе петнаесет дена се реализира во околу десетина скопски средни училишта,а наставата е во прекин во повеќе гимназии низ другите градови низ земјава како Куманово, Битола, Охрид, Струмица, Тетово.
С.Б.

Слично