Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: ССМ најави блокади

НЕМА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: ССМ најави блокади

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави блокади поради тоа што платите не се зголемени. 

На 10 февруари се најавени блокади што ќе почнат пред Собранието, а два дена подоцна ќе продолжат пред зградата на Стопанската комора. За 17 февруари, пак, е планирана блокада на Владата.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска изјави дека вчера истекол рокот што синдикатот им го дал на пратениците за брзи измени на Законот за минимална плата.

„Илјадници работници им дадоа рок на пратениците во Собранието минималната плата да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да пораснат за разликата од зголемувањето на минималната плата, односно најмалку за 6.000 денари. Игнорантскиот однос што го покажуваат пратениците кон работниците нè принуди да преминеме во втората фаза од активностите“, рече Трендафилов.

СССМ утре во 11 часот ќе достави иницијатива до Собранието за измени и дополнувања на Законот за плата и други надоместоци на пратениците и на другите избрани и именувани лица, најавија од синдикатот.

Од ССМ информираат дека поради, како што велат, игнорантскиот однос на пратениците кон барањата за зголемување на платите, преминуваат во втора фаза од синдикалните активности, која вклучува блокади на институции.

Минатата недела ССМ организираше протест. 

Слично

Поврзани вести