Нема повисока минимална плата, Трендафилов е разочаран
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по средбата на синдикатите, работодавачите и Владата во рамки на Економско социјалниот совет, рече дека тие дури биле искарани затоа што барал многу.
„За жал големо разочарување, нема изгледи за зголемување на минималната плата. Тоа што го слушнавме внатре е дека ССМ многу барал, дека работниците многу бараат и дека им е доста, дека со тие плати треба да бидеме среќни што ги добиваме“, изјави Трендафилов.
Тој посочи дека работодавачите сметале дека нема простор за зголемување на минималната плата и дека доволно ги плаќаат работницте, како и дека работниците не биле продуктивни.
Од Сојузот на синдикати пред почетокот на седницата најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемувањето на минималната плата на 500 евра и за усогласување на другите плати, односно нивно зголемување за 6.000 денари.
