НЕМА ПОВЕЌЕ ЕВТИНА НАФТА: ОПЕК донесе важна одлука
Ќе запре намалувањето на цените на горивата, a ОПЕК го намалува производство на нафта.
Глобалната понуда на нафта треба да се намалува за 10 милиони барели дневно, односно за една петтина, или 10 отсто од глобалната понуда, пишува „Ројтерс“.
Така, производството би требало да се намали за 10 милиони во мај и во јуни, и за 8 милиони барели во јули.
Од јануари 2021 до април 2022 година производството би се намалувало за 6 милиони барели дневно.
Се бара на оваа иницијатива да и се приклучат повеќе земји.
Посебно се инсистира на приклучувањето на САД, кој беше повикан на состанокот, но не се знае дали учествувал, напоменува „Ројтерс“.
САД моментално е најголемиот производител на нафта во светот со над 12 милиони барели дневно.
Се спомнало и приклучувањето кон овој договор и на Норвешка, Бразил, Канада и Саудиска Арабија.
