Нема повеќе цигари и тутун во Лидл во Холандија
„Лидл“ во Холандија повеќе нема да продава цигари и тутун. Целта е да придонесат за генерации непушачи.
Станува збор за повеќе од 400 продавници. Лидл ја спречи владината забрана и стана првиот голем синџир што ги повлече тутунските производи од понудата, пишува Dutch news. Од 2024-та година, тутунските производи ќе можат да се продаваат само на места со посебна дозвола. Тутунските производи во Холандија од 2024 година ќе можат да се продаваат само на бензински пумпи, специјализирани продавници, киосци и продавници што добиваат специјална дозвола.
Слично
