Нема повеќе чекање во Централен регистар – Од февруари фирми ќе се регистрираат само он-лајн
Исклучиво по електронски пат ќе се врши регистрацијата на фирми од февруари следната година, најави директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски. Измените се подготвени и треба да се достават до Владата до крајот на овој месец.
Годинава се отворени 6.247 компании, од кои 240 се регистрирани по електронски пат од страна на овластени регистрациски агенти кои ја вршат оваа активност последните неколку месеци.
До јануари се очекува да се зголеми бројот на регистрациски агенти, кој сега на ниво на држава е 121. Обуки се организираат во континуитет, а има голем интерес од овластените сметководители.
Во евиденцијата на Централниот регистар има околу 100 илјади компании. Директорот Костадиновски посочи дека годинава се затворени во нормална процедура 3.758 компании. Согласно измените на Законот за трговски друштва избришани се 4.200 фирми од евиденција, за 3.500 кои се во регистрацијата на блокирани сметки и 6.100 кои немаат активност три години по ред се чека да го утврди статустот Управата за јавни приходи. Од УЈП се чека и утврдување на статусот на 37.748 фирми за да може потоа да бидат избришани од регистарот.
Информира дека се водат повеќе проекти во Централниот регистар, меѓу кои е и системот за електронска нарачка на потврди.
Сите проекти, Централниот регистар ќе ги претстави пред јавноста поблиску преку Отворените денови што ги организира овој месец од утре до 29-ти, кога сите заинтересирани граѓани ќе може да се обратат за се она што ги интересира во врска со работата на оваа институција. Акцијата се спроведува вторпат.
Отворените денови почнуваат од утре во Куманово. Во Скопје ќе биде отворено за граѓаните на 20 декември, а завршуваат на 29-ти во Штип и Кочани.
Слично
