Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема повеќе даночни олеснувања за најбогатите Американци

Нема повеќе даночни олеснувања за најбогатите Американци
Американскиот претседател Барак Обама ќе стави вето на секој закон, со кој се продолжуваат даночните олеснувања за најбогатите Американци, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни. „Претседателот ќе стави вето на секој предлог-закон кој предвидува продолжување на дејството на даночните олеснувања за оние 2% граѓани кои добиваат највисоки приходи“, истакна Карни. Тој додаде и дека Обама е подготвен веднаш да го потпише усвоениот документ од Сенатот со кој ќе им се помогне на останатите 98% од Американците. Портпаролот предупреди дека ако Конгресот не преземе никакви активности, даноците ќе пораснат за сите. Американскиот Сенат е контролиран од демократите - сопартијци на претседателот, додека во Претставничкиот дом мнозинство има Републиканската партија.
Слично

Поврзани вести