Нема потврда дека либерализацијата на струјата ќе ги намали сметките
Земјава е подготвена да почне со либерализација на пазарот на струја, дециден е министерот за економија Ваљон Сарачини. За време на средбата каде беше претставен енергетскиот биланс за 2014-2018 година, тој нагласи дека ресорното министерство е во постојана комуникација со енергетиката заедница. Според него, компаниите се подготвени за отворен пазар на електричната енергија.
„ Очекувам во април 2014 година да бидеме спремни и ние и компаниите и регулаторите, за да започне овој процес“ најави Сарачини.
Во однос на евентуалната промена на цената за струјата тој посочи дека секоја промена на условите на пазарот ќе има ефект. Дали позитивен или негативен, додава тој, ќе покаже времето.
За претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев,не е очекувана промена на цената.
„Регулаторната комисија е единствената институција која практично може да даде точен одговор на прогнозите на цената на електричната енергија, без разлика на либерализацијата“, рече Анѓушев.
Според прогнозите, до година производството на струја ќе расте, а увозот ќе се намалува. Според податоците од енерегсткиот билнас земјава ќе произведе 17,3 проценти повеќе струја, а ќе увезе 27,5 % помалку електрична енергија од лани.
Слични се проценките и на ЕВН Македонија, од каде најавија дека во 2014 планираат да покријат 80 проценти од потребите со произведена електрична енергија од АД ЕЛЕМ. Според нив, 17 проценти ќе дојде од увоз, 2 проценти од малите хидроелектрани и 1 процент од малите хидроелектрани што имаат статус на повластен производител.
Краен рок за почеток на либерализација на пазарот на струја е први април 2014.
Слично
