Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМУВА, НО СЕ УШТЕ АНАЛИЗИРАМЕ: Димитриеска-Кочоска за данокот за купување стан

НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМУВА, НО СЕ УШТЕ АНАЛИЗИРАМЕ: Димитриеска-Кочоска за данокот за купување стан

Не треба да се зголемува данокот од 5 отсто за купување нов стан, нема потреба дополнително оптоварување на граѓаните, смета министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

„Сѐ уште анализираме, па ќе излеземе со конечна одлука. Сметам дека не треба дополнително оптоварување на граѓаните. Буџетот е таков каков што е, собирањето на приходите е во добра насока, сѐ е како што си било планирано. Многу се внимава на расходната страна. Сметам дека во моментот не е потребно дополнително да се оптоваруваат младите лица кои купуваат станови самостојно или заедно со брачниот партнер“, рече Димитриеска Кочоска во телевизиско гостување.

Ова прашање доаѓа откако по Нова година, данокот за нов стан треба да се качи од 5 на 18 проценти, бидејќи тогаш истекува рокот за повластен ДДВ.

Слично

Поврзани вести