Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема понуди на тендерот за продажба на Охис

Нема понуди на тендерот за продажба на Охис
До крајниот рок не е пристигната ниту една понуда на јавниот повик за прибирање понуди за продажба на акциите на Република Македонија и акциите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во АД Органско хемиска индустрија Наум Наумовски – Борче (ОХИС), соопшти Министерството за економија. Министерството, велат оттаму, во наредниот период ќе ја информира Владата за исходот од јавниот повик, со цел  да се разгледаат сите можни опции и да се добијат насоки за изнаоѓање трајно ефикасно решение за постигнување целосна реформа на друштвото, стратешко партнерство со инвеститор и  натамошно успешно деловно работење на ОХИС АД Скопје. Крајниот рок за подигање на тендерската документација за јавниот повик за продажба на ОХИС истече во вторникот, додека последниот  рок за доставување понуди денеска во 13 часот.
Слично

Поврзани вести