Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема политичка кочница: Што бараат и што очекуваат грчките и македонските бизнисмени

Нема политичка кочница: Што бараат и што очекуваат грчките и македонските бизнисмени

Ќе се формира заеднички комитет кој ќе се посвети на проблемите со трговските марки меѓу Северна Македонија и Грција, а ќе работи и за двојното оданочување меѓу двете земји. Го нарекоа историски форум, а во Скопје, навистина, на бизнис форумот присуствуваа стотици бизнисмени од двете земји. Беа и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, а клучен фокус ставија на развој на меѓусебната соработка особено на олеснување на транспортот.

Претседателот на најголемата комора Бранко Азески рече дека и покрај политичките турбуленции меѓу двете земји има економска соработка. Според него сега клучен е развојот на Солунското пристаниште. Низ него поминува 37 отсто од стоката и 6 отсто од контејнерскиот превоз на македонските бизнисмени.

„Нас со Грција не поврзува солунското пристаниште, за бизнисот е пречка ако тоа не е во функција. Затоа имаме иницијатива да се добие специјален статус на користење и да се користи во полн капацитет, рече Азески, претседател на Стопанската комора.

Дека постои можност за продлабочување на соработката се согласи и Константин Михалос од грчките трговско-индустриски комори и претседател на Солунската трговска комора. 

Меѓу двете земји ќе се отворат и два нови гранични премини Промахои – Мајден и Maркова Нога – Агиос Германос. Премиерот Заев ги покани бизнисмените од Грција да инвестираат во Македонија, а Ципрас рече дека овде се дојдени да негуваат односи на соработка.

Енергетските проекти ќе бидат во фокусот во следниот период. Грција е втор трговски партнер на Македонија и трет најголем странски директен инвеститор во Република Северна Македонија со вкупно 474 милиони евра инвестиции од 1997 до 2017 година, или вкупно учество од 10.1% од странските директни инвестиции во државата.


Слично

Поврзани вести