Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема одлука од Уставен за крстот во Бутел

Нема одлука од Уставен за крстот во Бутел

За иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување  крст во општина Бутел, уставните судии и денеска не донесоа одлука.

На денешната седница на која присуствувале осум судии, гласањето по Иницијативата било изедначено – четворица за отфрлање, а четворица за нејзино прифаќање.

Иницијативате ќе биде повторно разгледувана на некоја од наредните седници на Уставниот суд, најверојано на следната.

Ова е третпат да не се донесе одлука за оваа иницијатива, која до судот во март годинава ја поднел  градоначалникот на Струга,  Зијадин Села. Според него, одлуката за поставување крст во општина Бутел не била во согласност со Бадинтеровиот принцип.

Поставувањето на крстот, кој е донација на Светскиот македонски конгрес, предизвика тензии откако членови на ДУИ и нивни поддржувачи поставија камп и протестираа против изградба.

Претседателот на СМК,  Тодор Петров беше претепан дента по свеченоста за осветување на камен-темелникот на крстот кој треба да биде висок 555 метри.

Слично

Поврзани вести