Нема одложувања – во април ќе се либерализира пазарот со струја
Нема да има одложување на либерализацијата на пазарот со струја, изјави денеска претседателот на Групацијата на производители на енергија од обновливи извори при Стопанската комора на Македонија, Кочо Анѓушев.
„Има и други учесници кои треба да се подготват во делот на либерализацијата. За таа цел Регулаторната комисија за енергетика направи акциски план кој сега за сега се спроведува. Нема најави дека либерализацијата ќе биде одложена, бидејќи сите точки со јасни обврски за сите чинители во тој процес засега се исполнуваат. Се надеваме дека нема да дојде до ново пролонгирање и мислам дека либерализацијата ќе биде значителен бенефит за стопанските субјекти во Македонија“, изјави Анѓушев.
Рокот за либерализацијата на пазарот со струјата досега неколку пати беше одложуван. Првично либерализацијата на пазарот со електрична енергија беше најавена за јануари годинава, а сега рокот е први април идната година.
Слично
