Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема одложување – автошколите ќе мора да стават камери во возилата

Нема одложување – автошколите ќе мора да стават камери во возилата

Барањето да се одложи рокот за поставување камери преку кои автошколите ќе ја снимаат обуката и полагањето на возачкиот испит, денеска по скратена постапка беше отфрлено во Собрание.

Со предлогот поднесен од пратениците од ДУИ се бараше одложување на оваа обврска.

Според најновите законски измени, авто школите се должни за време на обуките на кандидатот за возач да имаат вклучено камера во просторијата за теоретска настава, како и во возилото за обука и тоа на 30 сантиметри оддалеченост од инструкторот и кандидатот за возач. Истите снимки тие треба да ги чуваат во рок од еден месец.

Доколку ова не се почитува, ним им следуваат казни и до 8 200 евра.

Од авто-школите велат дека нема професија која може да работи под таков притисок, а освен тоа потенцираат дека ваквите одлуки се косат со уставното право на приватност на кандидатот и создаваат компликации при набавување на техничката опрема и документирање на материјалот.

Слично

Поврзани вести