Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема одговор од Кабинетот на Иванов за повлекување на барањата за аболиција

Нема одговор од Кабинетот на Иванов за повлекување на барањата за аболиција

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов засега нема одговор,  како тој ќе постапи по барањата на аболираните функционери кои не се согласуваат со таквата одлука, пренесува Алсат.

Нема информација ниту дали тоа законски е воопшто можно ниту пак колку лица бараат аболицијата за нив да се поништи.

Досега лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски јавно побараа да не бидат помилувани, како и поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, аболираните обвинители од Специјалното јавно обвинителство и уште неколку други.

Слично

Поврзани вести