Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема ново „простување“ на долговите на општините, но ќе има ли казни за луксузите на градоначалниците?

Нема ново „простување“ на долговите на општините, но ќе има ли казни за луксузите на градоначалниците?

Нема да има нови финансии од буџетот за општините кои наместо да ги покријат милионските долгови продолжуваат со луксузирањето и непланско трошење.

Државата засега нема да санкционира градоначалници кои раскашалено трошат општински пари но не планира нова помош за нив. Ова го кажа министерот Драган Тевдовски кој вели дека државата прави се за да се средат финансиите.

-Имаме одлична соработка со Европската Унија и со други меѓународни институции како со ММФ и со Светска Банка. Мислам дека направивме многу важни чекори, како што е фискалното правило кое што е поставено кај општините, поддршката која што е дадена во општините-кажа министерот.

Последен градоначалник кој ја „збесна“ јавноста со новото ауди што го купи заедно со плус три шкоди и за кои потроши скоро 114 000 евра е Рамиз Мерко кој управува со Струга. Сепак, според она што го изјавуваше во јавноста за него тоа не било луксуз.

Од друга страна, експертите тврдат дека има начини и механизми со кои може да се воведе дисциплина за трошењето на државните пари.

Слично

Поврзани вести