Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема напредок во преговорите за специјален обвинител

Нема напредок во преговорите за специјален обвинител

Денешната тричасовна средба на работните групи на четирите најголеми политички партии, заврши без договор околу надлежностите и законската рамка за работата на специјалниот јавен обвинител.

Повторно е неизвесно дали ќе има посебен закон како што бара СДСМ или пак само со подзаконски акти како што бара владејачката партија. Па за сега нема никакво приближување на ставовите на партиите.

Од опозицијата, денеска ја демантираа информацијата која излезе на некои медиуми дека има договор меѓу власта и опозицијата новиот јавен обвинител да се избере од редот на сегашните јавни обвинители.

„Ставот на СДСМ е јасен и познат на јавноста, а тоа е нов специјален јавен обвинител со целосна автономија, кој ќе го испита нелегалното прислушување и сите дела што произлегуваат од материјалите.“, велат од партијата.

Денешната средба во Клубот на пратеници заврши без ниту една изјава за медиумите, а разговорите за специјален обвинител продолжуваат во сабота.

Инаку, обвинителот кој ќе води истрага за ,,бомбите“ на опозицијата и случајот „Пуч“ треба да биде избран најдоцна до 15 септември.

Слично

Поврзани вести