Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема надеж за нафташите-залихите ја уриваат цената!

Нема надеж за нафташите-залихите ја уриваат цената!

Терминските цени на нафтата паднале во очекување на зголемените залихи во САД и после прогнозата дека обилните залихи на нафта на светскиот пазар ќе потраат и во наредната година.

Цената на американската „лесна“ нафта  (WTI) за испорака во декември паднала 63 центи на 43,35 долари, а цената на сирова нафта „брент“ за декемвриската испорака се лизна за 43 центи на 47,11 долари за барел.

Американската администрација за информации од енергетиката ќе објави денес неделен извештај за комерцијални залихи на нафта во САД за неделата заклучно 23 октовмри, кој претставува клучно мерило на побарувачка во државата кој е најголем светски потрошувач на „црното злато“. Аналитичарите очекуваат додатно трупање на залихите.

„Цените на нафтата остануваат близу двомесечниот минимум бидејќи прашањето на прекумерните залихи и понатаму е горчливо. Постои верување дека американските залихи растат, што ќе го продолжи периодот на траење на обилни залихи“, изјавил пазарниот стратег на сингапурската компанија ИТ маркетс Бернард Оу.

Најновото поефтинување на нафтата следи откако извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика, Фаитх Бирол рекол на една конференција за енергетика во Сингапур дека обилните залихи на нафта на светскиот пазар ќе потраат до средината на следната година, додека инвестициите во нафтениот сектор ќе бидат намалени поради упорно ниските цени.

Слично

Поврзани вести