НЕМА МИР ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ЕВИЈА: Нов пожар, повторно гори
Нов пожар има на грчкиот остров Евија, јужно од оној кој гори со денови.
Пожарот кој беснее со денови и понатаму е активен, пренесува АП. Грчките пожарникари соопштија дека четири авиони за гаснење на пожари и шест хеликоптери беа испратени за контрола на новиот пожар во централниот дел на Евија, заедно со 23 пожарникари и 10 возила. Премиерот Киријакос Мицотакис вчера ја опиша состојбата како најголемата еколошка катастрофа во историјата на Грција. Многу европски земји се соочија со пожари.
Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS
Слично
