Нема Македонци спремни да гласаат во Бугарија и Грција?
Катастрофално слаб интерес за гласање на македонските иселеници во Бугарија и Грција - во дипломатско-конзуларните претставништва во Атина, Солун и Софија се пријавиле за гласање помалку од 10 македонски државјани со што не е исполнет законскиот минимум за таму да се организира изборен процес.
Наспроти ова, во европските земји има најголем интерес за гласање на претстојните претседателски избори. Дури 5.925 лица ќе гласаат во Европа, 1.636 во САД и 1.140 во Австралија, додека околу 1.000 граѓани од дијаспората се пријавиле, но биле одбиени затоа што не ги исполнувале условите.
Заради слаб интерес, гласање нема да има ниту во Каиро, Талин, Будимпешта, Варшава, Москва, Доха, Мадрид, Осло и Њу Делхи.
Според познавачите, слабиот интерес за гласање на дијаспората се должи на фактот што изборниот процес се организира само во дипломатско-конзуларните претставништва кои се премногу оддалечени за македонските иселеници. За соседните земји, пак, се претпоставува дека една од причините е стравот на Македонците кои живеат таму да се декларираат јавно како македонски државјани.
Слично
