Нема кворум за одземање на мандатите – опозицијата останува во Собрание
Пратениците од владеачката коалиција не го изгласаат одземањето на мандатите на опозиционерите бидејќи не успеаа да се соберат во полн состав и да го исполнат кворумот од двотретинско мнозинство односно да обезбедат 82 гласа.
На првото пребројување во салата беа регистрирани 63 пратеници, најмногу од владејачката колиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Собранието кое на дневен ред имаше само една точка успеа да го усвои истиот со само 50 гласа бидејќи пратениците од ДУИ не го гласаа.
На седницата на која требаше да се одземат мандатите на пратениците на озицијата не присуствуваа ни седумте пратеници на ДПА, ниту трите независни пратеницички од опозицијата, Солза Грчева, Роза Топузовска и Љубица Буралиева.
Гласањето е одложено до моментот кога ќе се обезбеди присуство на најмалку 82-ца пратеници.
Од СДСМ соопштуваат дека и понатаму остануваат на досегашниот став односно дека опозицијата нема да се вратиме во Собранието на Македонија се додека власта не прифати преговори за суштинските теми што ќе ги вратат демократијата и правото на слободен избор на граѓаните.
По денешната седнива опозицијата формално останува дел од Собранието.
Доколку владеачкото мнозинство успее да обезбеди дво-третинска волја за одземање на нивните мандати, или доколку ја заврши седницата за констатирање на оставките, опозициските места ќе им бидат понудени на наредните кандидати од изборните листи, соодветно во секоја изборна единица.
Слично
