Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема купувачи за руското злато

Нема купувачи за руското злато

Нема купувачи за руското злато, кое вреди 140 милијарди долари. 

Санкциите ѝ отежнуваат на Русија да ја користи вредноста на своите резерви, пишува Бизнис Инсајдер. Ова се залихи на злато кои се формирани за период од една деценија.  Минатата недела се забранети сите златни плочки од руските рафинерии на лондонскиот пазар на злато.  Сенатот на САД со нов закон ги спречува американските граѓани да вршат какви било трансакции со руско злато.

„Огромните златни резерви на Русија се меѓу ретките средства што Путин може да ги искористи за да спречи колапс на економијата на неговата земја“, рече сенаторот од Мејн, Ангус Кинг.

Санкционирањето на овие резерви Русија сѐ повеќе се изолира од светската економија, а воената кампања на Путин, која станува сѐ поскапа, ќе станува сѐ потешка. 

Расте и цената на нафтата. Ембарго на увозот на руска нафта што го наметнаа некои европски држави поради воената интервенција во Украина директно ќе ги засегне сите, соопшти денеска официјален Кремљ. 

Слично

Поврзани вести