Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема криза за грчката фета, узо и маслинки

Нема криза за грчката фета, узо и маслинки
Кризата во Грција не го погоди ниту производството ниту пак извозот на повеќе квалитетни и неконвенционални производи. Само за една година извозот на ваквите стоки се зголемил за цели 44%. На прво место е извозот на маслиново масло и тоа на она од Крит, кое важи за најквалитетно, но истовремено и за најскапо.За само една година неговата побарувачка на кинескиот пазар пораснала за рекордни 270%. Грчкото сирење „фета" останува едно од најбараните во продавниците во Русија, САД и низ Европа, покажуваат податоците на Стопанската комора. Последниот хит во продажната мрежа на Русија е чајот со билки од Крит. На рускиот пазар исто така мошне ценета стока се овошјето и зеленчукот од грчките острови, а Австралија е најголемиот увозник на грчкото узо. Грчка компанија за производство на лифтови успеа да го освои дури и пребирливиот германскиот пазар.
Слично

Поврзани вести