Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема крај на трошоците за „Скопје 2014“: За осветлување нови 134.545 евра

Нема крај на трошоците за „Скопје 2014“: За осветлување нови 134.545 евра

Крајот на трошоците за проектот „Скопје 2014“ никако да дојде.

Од Град Скопје денеска објавија оглас, на сајтот на Бирото за јавни набавки, со кој бараат фирма која ќе изврши илуминација, или осветлување, на спомен обележја, скулптури и фонтани во Скопје, пишува Фокус.

Имено, проценката за оваа услуга е 134.545 евра, без вклучено ДДВ, но реалната сума ќе биде позната по склучување на тендерот.

Пред само неколку дена беше објавено дека за довршување на реконструкцијата на објектот на Собранието ќе бидат потрошени уште 4,3 милиони евра. Собранието кон крајот на март потпишало нов договор со градежната компанија „Бетон“, која за две години треба да изврши изведување на градежни и занаетчиски работи, но без да се прцезираат детали на што точно ќе бидат потрошени овие пари.

Стручниот надзор над градежните работи ќе го врши фирмата „Геинг“, за што е склучен договор на сума од 63.000 евра.

Со најновите два договори, вкупната сума за санација и надградба на парламентарното седиште надмина 15 милиони евра.

Слично

Поврзани вести