Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема крај на протестите во БиХ

Нема крај на протестите во БиХ

Протестите на незадоволни граѓани од власта продолжуваат  во повеќе градови низ Босна и Херцеговина.

Граѓански работни групи за секоја област се задолжени да состават барања кои ќе бидат понудени на властите за надминување на кризата во Федерацијата, која е најтешка по војната во 1995 година.

За денеска протести се најавени во Сараево од 12 до 14 часот, во Мостар во 16 часот, а протести ќе се одржат и во Тузла и Зеница.

Досегашните протести резултираа со оставка на премиери на четири кантони и над 40 министри.

Протестите се одржуваат со барање за смена на власта на сите нивоа, но и за укинување на привилегиите на политичарите.

Слично

Поврзани вести