Нема крај на падот на цените на нафтата
Денеска цените на суровата нафта остануваат на најниските нивоа од почетокот на 2009 година, откако производството на Блискиот Исток продолжува да се зголемува и покрај веќе огромната глобална презаситеност.
Аналитичарите, прогнозираат дека шансите за раст на цените до крајот на годината и за почетокот на 2016 година остануваат слаби.
Американската лесна нафта (WTI) за испорака во јануари поефтинила 22 центи на 36,54 долари за барел, а сировата нафта од типот „брент“ за 25 центи на 39,48 долари, исто така за јануарски испораки, што се најниски нивоа од почетокот на 2009 и периодот на финансиската криза.
ОПЕК објави дека вкупното производство на неговите членки во ноември пораснало за 230.100 барели дневно, но 31,7 милиони, што е највисоко ниво за последните три години, и над предвиденито обем на производство на ОПЕК од 30 милиони барели.
Оваа група минатата недела одлучи да не го намалува актуелно високото производство, и покрај падот на цената на нафтата, слабата глобална побарувачка и прекумерни залихи.
„Цените на сировата нафта пак паднаа, бидејќи скокот на производството на ОПЕК е на тригодишен максимум во ноември, ја зголеми загриженоста дека презаситеноста на глобалниот пазар ќе потрае подолг период“, изјавил пазарниот стратег на компанијата IG markets од Сингапур, Бернард О.
