Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА КРАЈ НА ЛОШИТЕ ДЕНОВИ ЗА ЕТИХАД: Наталожените проблеми доведоа до продажба на 38 авиони

НЕМА КРАЈ НА ЛОШИТЕ ДЕНОВИ ЗА ЕТИХАД: Наталожените проблеми доведоа до продажба на 38 авиони

За пет години Етихад Ервејз изгубија пет милијарди долари. Да, убаво прочитавте.

Авиокомпанијата е во план да ја намали и поддршката на превозниците во кои инвестирала, а меѓу нив е и Ер Србија.

Финансиските проблеми кои со години се таложат во авионската компанија која доаѓа од Абу Даби ја принудија да стави на продажба 38 авиони.

Продажбата оди за една инвестициона компанија и една лизинг фирма во договор вреден милијарда долари.

Од авионите кои ќе се продадат се 22 Airbus A330 и 16 Boeing 777-300ER, согласно договорите со компаниите.

Агенциите пренесоа и дека паралелно со продажбата на авионите , Етихад ќе откаже или намали поддршката на авиокомпании во кои инвестирале, а меѓу нив се Ер Берлин, Алиталија, Ер Србија, Ер Сејшелес и други.

Слично

Поврзани вести