Нема компромис за дипломи без знаење!
Во образовниот систем потребен е механизам кој ќе го гарантира минималниот квалитет на знаење и токму затоа сакаме да го воведеме државниот испит на факултетите во земјава истакна премиерот Никола Груевски во вестите на Канал 5.
Според него спроведувањето на овие измени е добронамерно, а целта е идните генерации во Македонија да имаат повисоки знаења.
„Кога ќе се земе дипломата таа не треба да биде еквивалентна на парите туку на знаењето што е стекнато, тоа е основната и немаме никаква друга причина зошто ние би се довеле луѓе да ни протестираат“, истакна Груевски и додаде дека владата се одлучила на ваков чекор и покрај тоа што знаела дека опозицијата ќе „налепи“ на сето ова и ќе сака да ја искористи ситуацијата.
„Ние се одлучивме да влеземе во една ваква опрација за којашто однапред знаевеме дека опозоцијата којашто е тотално изгубена ќе се налепи на сето ова и ќе сака да ја искористи целата ситуација“, истакна Груевски.
Премиерот истакна дека не може да разбере зошто протестираат и студенти кои што знаат дека нема да полагаат државен испит бидејќи измените нема да ги опфатат и нив, и додаде дека нивните мотиви очигледно е дека се други.
Слично
