НЕМА КОЈ ДА ГИ ЛЕЧИ: Лекарите не сакаат да работат во провинција
Во големите градови, но и во провинција Хрватите многу често ги лечат пензионери.
Жељка Периќ е лекарка која повеќе од 40 години работи во селото Зденци во Славонија.
Услови за предвремена пензија стекнала во 2010 година, но затоа што нема лекари, работи во истата ординација.
Таа не сака да ги остави пациентите да патуваат десет километри до првата амбуланта.
„Следната година во септември ќе навршам 65 години и можам да одам во пензија, но се плашам затоа што млад лекар по општа медицина нема, и ќе мора да се затвори амбулантата“, вели таа.
Но, дури и да се организира нешто, вели дека тие лекари не се сигурни често ќе се менуваат. Периќ додава дека тоа би било само „гасење на пожар“, затоа што семејниот лекар треба да има континуитет.
