Нема избори во април, Ванхауте крена раце од Македонија
Со фотографија од мачка со кренати раце под која пишува „Се предавам", белгискиот експерт и олеснувач во преговорите Питер Ванхауте на твитер најави дека изборите нема да се одржат на 24 април.
Тој над фотографијата нагласува дека „суштината е во ефективните преговори".
„Во моментов има техничка влада со единствена точка на агендата: да организира избори. Утре Собранието на пленарна седница ќе дискутира и гласа за 74 закони. Импресивно, не бев свесен дека да се организираат избори бара толку многу промени на закони. " - вели во продолжение Ванхауте.
Ванхауте ја испрати оваа порака непосредно пред извештајот на САД и ЕУ за условите за избори на 24.април.
Слично

