НЕМА ИЗБОР: Дојче банка најави докапитализација од осум милијарди евра
Дојче Банка (Deutsche Bank) денес соопшти дека планира докапитализација во вредност од осум милијарди евра со издавање на 687,5 милиони нови акции.
Во соопштението на оваа финансиска установа исто така се наведува и дека Постбанк нема да биде продадена, туку ќе се спои со постоечките единици.
Други најавени мерки вклучуваат пуштање на пазарот малцински дел од Дојче Асет Менаџмент во наредните две години, и создавање на интегрирани корпоративни и инвестициони банки. Компанијата најавила и нови финансиски цели кои ќе ги заменат тие објавените во октомври 2015 година.
Извршниот директор Џон Кријан изјавил дека одлуките се „значаен чекор унапреден на патот кон создавање на едноставна и силна банка која се развива“.
Слично
