Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема информации за загинати или повредени Македонци во Ница

Нема информации за загинати или повредени Македонци во Ница

Министерството за надворешни работи нема информации за загинати или повредени Македонци во Ница.

Министерството известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Франција.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Франција, молиме да се обратите во македонската амбасада во Париз, апелираат од министерството.

Телефони: +331 45 77 89 63; +331 45 77 10 50; +331 45 77 10 73 Мобилeн телефон: +33 670 45 16 58 Адреса: 5, rue de la Faisanderie, 75116 Paris Е-пошта: paris@mfa.gov.mk

Воедно МНР изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад кој се случи во Франција.

МНР најостро ги осудува овие напади во кои животот го загубија над 70 граѓани, а неколку десетици се повредени.

Слично

Поврзани вести