Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема идно поскапување на кафето во Македонија

Нема идно поскапување на кафето во Македонија
Македонските  граѓани се уште најмногу пијат традиционално (турско) кафе, односно  75 проценти од нив најчесто го конзумираат, изјави денеска Кирил Андоновски, извршен директор на Рио кафе, компанија која држи 39 проценти од македонскиот пазар. Како што беше посочено за врема на промоцијата на новиот производ на компанијата „Браво Мока“, македонските компании најмногу кафе увезуваат од Индија и Бразил, а најчесто кафе кое се користи е арабиката и робустата. Според  Андоновски, истакнува дека во наредниот период не би требало да се очекува пораст на цената на кафето, посочувајќи дека ситуацијата во овој сектор е мирна за разлика од претходните две години.

Слично

Поврзани вести