Нема Фејсбук и Твитер во Турција, властите ги блокираа
Нема Фејсбук и Твитер од синоќа во Турција, откако на социјалните мрежи се раширија фотографии со автомобил-бомбата, со кој беа убиени 37 луѓе, а повеќе од 120 се повредени во Анкара.
Турските власти го забранија пристапот до овие социјални мрежи. Телекомуникациското тело на Турција, го блокира пристапот до нив, откако беше воведена судска забрана. Судот оваа одлука ја донел бидејќи на овие платформи биле споделувани фотографии на кои се прикажани жртвите на трагедијата.
На електронските медиуми, исто така, наводно им е забрането да покриваат одредени аспекти на нападот.
По нападот во Анкара, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе го „фрли“ тероризмот на колена.
„Нашиот народ не треба да се грижи, борбата против тероризмот сигурно ќе биде успешно завршена и тероризмот ќе биде „фрлен“ на колена“- кажа тој.
Меѓу жртвите од синоќа се претпоставува дека се и двајца од напаѓачите, а засега никој не ја презеде одговорноста за нападите во Анкара.
Слично
