Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДОВОЛНО ЈАГЛЕН ЗА РЕК БИТОЛА: Ќе има нов оглас, за Осломеј ќе се избира најповолната понуда

НЕМА ДОВОЛНО ЈАГЛЕН ЗА РЕК БИТОЛА: Ќе има нов оглас, за Осломеј ќе се избира најповолната понуда

На јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори. Овие економски оператори дадоа 5 понуди за јаглен за РЕК Битола и 8 понуди за РЕК Осломеј, соопштија денеска од Елекстрани на Северна Македонија (ЕСМ)

„Во прва фаза утврдено е дека за Осломеј понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК Битола понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК Битола и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет, вели Васко КОвачевски, директор на ЕСМ.

Инаку, на повикот пристигнати се понуди за јаглен од три македонски рудници, потоа од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.

Сега следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават и потоа одлука  за избор. “


Слично

Поврзани вести