Нема договор за буџетот, министрите влечеле секој на своја страна
Владата на синоќешната седница не успеа да го усвои буџетот за 2020 иако тоа беше најавено на официјална точка на дневен ред.
Како причина за неуспехот да се дојде до договор е тоа што министри барале повеќе пари за својот ресор, додека од друга страна не било можно да им се угоди на сите.
Бил оставен простор од една недела да стивнат страстите па да се направи нов обид за донесувањето на буџетот за кој засега нема бројки за тоа колку ќе изнесува за следната година.
Покрај оваа точка, требаше да се разгледува информацијата за отворање на канцеларија на Македонија како нова членка на НАТО во Брисел.
Слично
