Нема договор за преодна Влада, извештајот на Прибе уште една тоалет хартија?
Наспроти сите најави дека во следните денови лесно би се дошло до договор за формирање преодна Влада што во моментов е главниот камен на сопнување, ако се следат јавните настапи на дел од експертите и на лидерите, јасно е дека преговрите тешко мрднуваат од мртва точка.
Вчера Татјана Каракамишева речис да го прогласи за тоалет харија извештајот на европската комисија кој требаше да биде патоказ за идните чекори на македонската плитичка сцена.
„Па Ви се молам, како може тој извештај да биде релевантен, тој е правен скандал. Замислете правните нерегуларности, кои според нив биле големи, биле засновани на објавените телчефонски разговори од страна на СДСМ. Какви се тие искусни правници што не знаат дека докази стекнати на нелегален начин не можат да бидат користени во легална постапка. Тоа е скандал“ повтори Каракамишева во кампот на чуварите на слободата.
Претходно лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека изборите ќе ги организира владата на ВМРО ДПМНЕ, без отстапки. Тој вети фер и демократски избори и повика на организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да испратат колку може повеќе набљудувачи.
Шефицата на евриопската дипломатија Могерини, пак побара брза транзиција, без да објасни што тоа значи, па двете страни и натаму си толкуваат како што сакаат. За едните тоа е преодна Влада, за другите е истата Влада, само малку модификувана.
„Ги охрабривме сите страни во Скопје да го имплементираат политичкиот договор што е постигнат на 2 јуни. Посебно да се работи на имплементација на реформите, предвремените избори и транзицијата за да се врати довербата во институциите од сите луѓе во земјата“, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по вчерашната седница. Советот ја повторува својата загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза.
Во нацрт закључоците се бара темелна истрага за бомбите, и следење на извештајот на Прибе, истиот оној за кој Каракамишеве вели дека е скандалозен.
Се разбира деталите се на зелената маса, но факт е дека сега е сеуште рано да се зборува дека лидерите веќе постигнале договор. За тоа ќе треба уште малку да се помачат.
Слично
